Протече снимка - Пригожин и Ахмедов го навредуваат Путин: Тој е сатана и џуџе

 

Високото московско општество го тресе скандал откако истакнати поддржувачи на Путин беа снимени како го навредуваат рускиот претседател, пренесуваат медиумите во регионот. Поранешниот руски сенатор Фарад Ахмедов и московскиот музички продуцент Јосиф Пригожин беа обвинети дека го нарекле рускиот претседател „сатана“ и „џуџе“.

Аудио снимка од наводен 15-минутен телефонски разговор меѓу двајца богати Руси беше емитувана на украинскиот „Канал 5“ и набрзо се прошири и на другите медиуми, па дури стигна и до Руската служба за безбедност (ФСБ), пишува „Дејли мејл“, а пренесува „Јутарњи лист“.

На видеото може да се слушне како Ахмедов и Пригожин ја коментираат инвазијата на Путин на Украина, ги осудуваат неуспесите на Кремљ, па дури и ја коментираат висината на Путин.

Откако снимката беше објавена во јавноста, украинските и руските независни медиуми – вклучително и „Медуза“ – ја анализирале снимката од 24 јануари.

Според транскриптот на „Медуза“, на снимката може да се слушне Ахмедов како вели дека со започнувањето на војната во Украина, руската влада „не изеде нас, нашите деца, нивната иднина, нивната судбина“.

„Тој е сатаната“, додава Ахмедов, мислејќи на рускиот претседател и продолжува со критиките упатени кон заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Димитри Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, пишува во написите.

„И Путин и Медведев се неславни. Тие лилипутанци не се дораснати на ситуацијата“, вели Ахмедов во видеото.

Познато е, анализираат медиумите, дека Путин – кој често носи чевли со високи потпетици – е многу чувствителен кога станува збор за неговата висина која е само 170 сантиметри, па некои тврдат дека и тој страда од „комплексот Наполеон“, но Медведев е дури и понизок од неговиот шеф, бидејќи е висок само 162 сантиметри.

Пригожин на видеото вели дека Путин едноставно треба да ги повлече силите од Украина и да се откаже од се.

„Бидејќи зборуваат како се борат против нив, само им дадоа причина. Путин се вклучи во ова ѓубре“, му одговара Пригожин на Ахмедов.

„Искрено, ќе се откажав, ќе ја земев Нобеловата награда и ќе заминев“. Тој би се откажал од таа земја“, додаде тој.

Ахмедов не се согласил со ова, но му рекол на својот пријател дека „за жал, ќе помине многу време“ пред Путин да одлучи да ги повлече своите сили од соседната земја.

„Тој нема да се откаже а не може да оди напред. Така ќе се одолговлекува со години“, вели Ахмедов.

Според транскриптот на „Медуза, целиот разговор бил исполнет со псовки.

Телефонскиот разговор, чија содржина првпат се појави на Телеграм, стана вистинска сензација во Русија, иако приказната беше цензурирана од државните медиуми бидејќи покажуваше што велат „клучните играчи“ на Путин зад неговиот грб, пишуваат медиумите.

Ахмедов одговара дека руската влада има „колективна одговорност“.

„Оние на врвот се одговорни за својот сектор и ги јадат сите. Никој добар не остана. Путин знаеше да каже дека армијата е клучна, но се покажа дека нема војска“, вели тој.

Путин, продолжува тој, верувал дека има способна војска, но неговиот внатрешен круг го измамил.

„Тие живеат во сопствената реалност, во својот свет каде што нивните поранешни секретарки станаа нивни сопруги и се однесуваат како да се посебни. Сето тоа е толку добро запаметено“, додава тој.

Во еден момент Ахмедов прашува дали Путин и „неговиот круг“ можат да останат на власт.

„Не знам“, одговара Пригожин.

Набргу откако разговорот стана јавен, Пригожин почна да тврди дека снимката е лажна.

Видео пораката беше објавена на 26 март.

„Постои лажна аудио снимка на која се слуша мојот глас и разговор со влијателна личност. Сакам да кажам дека денешната технологија овозможува лажирање не само на гласот туку и на целиот разговор“, додава тој.

29.03.2023 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега