Протече нов нацрт договор на СЗО: „Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Протече нацрт договор на СЗО, кој открива нова пандемија.

Според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Мацукато, договорот открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија, која може да биде дури и посмртоносна од Ковид, но сè уште покажува некои „загрижувачки сигнали“.

Документот покажува, како што додава Мацукато, која е и претседателка на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, дека планетата може да биде во опасност да го отфрли она што беше научено за време на претходната пандемија и да ја изгуби можноста да ја заштити иднината. Во авторскиот текст за „Фајненшл тајм“ оваа професорка посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатен проток на иновации и информации преку границите.

Таа додава дека Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да сфатат како брзо и под разумни услови да ги добијат клучните технологии за вакцини од големите фармацевтски компании во богатите земји.

Бидејќи тие исто така придонесоа за развој на иновации преку споделување на биолошки примероци.

Меѓутоа, за време на Ковидот, како што вели таа, владеел „вакциналниот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението.

Загрижувачки, сепак, протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста во објавувањето на цените на лековите, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.

„Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше одбиена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании. И тоа не е само за цените, но и за условите за споделување технологија: правата на интелектуална сопственост се слабо регулирани“, оценува таа.

Професоркатаот Мацукато е убедена дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансиите – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да го инвестираат во здравството.

„Договорот за пандемијата треба да воспостави систем во кој ќе станеме подготвени за иднината, надминувајќи ги конвенционалните глобални структури за финансирање на здравјето. Тој мора да биде воден од споделување на знаење, вклучување, пристап и транспарентност“, нагласува Мацукато.

Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.

02.06.2023 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега