Протече кровот во Драмски - откажани сите претстави

 

Претставата „Мојот маж” која требаше да се игра вечерва до Драмскиот театар се откажува поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот.

„Проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа.

И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили. Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности“, информираат од Драмски.

09.10.2021 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега