Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер, на средба со која се одбележува крајот на нејзиниот мандат во земјава. На средбата беше потврдено цврстото пријателство меѓу двете земји, кое како долгогодишни сојузници почива на заемна почит и стратешко партнерство.

„Му се заблагодарив на амбасадорката за нејзиниот личен придонес во продлабочување на соработката. Македонските граѓани ја ценат поддршката од САД како наш клучен стратешки партнер“, истакна претседателката преку социјалните мрежи.

Амбасадорката Агелер порача дека и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да биде поддржувач на државата во која помина значаен дел од својата кариера. Претседателката ѝ посака успех во понатамошните професионални ангажмани, нагласувајќи ја важноста на континуираната поддршка од Вашингтон.

Exit mobile version