Проштална средба Османи- Предан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан. На средбата, Османи му врачи благодарница на амбасадорот Предан, за неговиот несебичен ангажман во развојот на односите и соработката меѓу двете земји, како и од одличната комуникација меѓу Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и Амбасадата на Словенија во Скопје.  

Соговорниците разменија мислења и за актуелни теми од регионален и меѓународен карактер, како и соработката во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба и Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

02.02.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа