Проштална средба на претседателот Пендаровски со францускиот амбасадор Тимоние

 Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Француската Република, Кристијан Тимоние, на која биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека тие се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба.

Претседателот притоа, како што соопшти неговиот кабинет, истакна дека Северна Македонија во Франција гледа сојузник во остварувањето на стратешките цели.

– Претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на четиригодишниот мандат на амбасадорот Тимоние двете држави станаа сојузници во НАТО, и беше донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го истакна значењето на поддршката што Франција ја дава на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот, посочувајќи дека по усвојувањето на новата методологија за водење на преговори, на државите-кандидати им е овозможено интеграцијата во ЕУ да се одвива преку имплементација на темелни реформи, се вели во соопштението.

Пендаровски му се заблагодарил на амбасадорот Тимоние за севкупниот негов дипломатски ангажман во нашата држава и му посакал успех на личен и на професионален план. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега