Пронајдено телото на момчето кое падна во канал за наводнување

Во ОВР Кочани на 24.05.2022 во 18.45 часот било пријавено дека бил пронајден починат 27-годишниот Р.А. од Кавадарци.

„За него на 23.05.2022 во 17.10 часот беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, кочанско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информираат од полицијата.

25.05.2022 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега