Пронајдени се три туби во автобусот, ама пожарот не избувнал од нив

Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, главниот обвинител во Бугарското обвинителство, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства. 

25.11.2021 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега