Пронајдена дрога во штипско, приведени две лица

Денеска (22.08.2024), по преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода Е.И.(41) од с.Нов Караорман, а со престој во Штип и нејзиниот сопруг Н.Д.(52) од Штип. Имено, околу 11.00 часот на место викано “Шумска куќа” на патот за с.Шашаварлија, лицата пристигнале со патничко возило “фолксваген пасат” со штипски регистарски ознаки, од кое излегла Е.И.. Откако ископала наркотична дрога, која претходно ја закопале, таа веднаш била лишена од слобода и спроведена во СВР Штип, а дрогата била одземена. Притоа, Н.Д. со возилото го напуштил местото и покрај издадената наредба да застане и испуканиот предупредувачки истрел во воздух. Набргу, по преземени мерки, и тој бил пронајден и лишен од слобода.

22.08.2024 - 20:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега