Дваесет и седумгодишен син на командир во ПС Тетово, брутално нападнал 42-годишен маж кој работел во Тобако, објави Телма.

Според очевидци, напаѓачот прво го удрил по глава со стаклено шише, а потоа жртвата била пронајдена во ископана дупка кај објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата.

Повредениот е итно пренесен во Скопје, а напаѓачот е лишен од слобода. Информацијата ја потврди и СВР Тетово.

Exit mobile version