Пронајден починат маж во близина на фудбалски стадион во гостиварско Неготино

Вчеравечер околу 22.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во близина на фудбалскиот стадион во с.Неготино, гостиварско, бил пронајден починат М.Б.(77) од истото село, за кој претходно неговиот син и внуци пријавиле дека се оддалечил од домот.

Како што соопшти СВР Тетово, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

04.04.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега