Промоција на програмата на Тимчо Муцунски пред Бисер во Аеродром
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски беше на средба со граѓаните на Јане Сандански, каде ја презентираше својата програма пред посетителите во ТЦ Бисер.
“Јане Сандански е срцето на Аеродром. Сведоци сме дека во изминатите години ништо не се направи за овој дел на Аеродром. Сведоци сме дека оваа власт, работела недомаќински и неплански. Во мојата програма за овој дел на Аеродром, предвидовме неколку клучни проекти кои се решение на проблемите кои ги имаат. Ќе го реорганизираме паркинг просторот и ќе изградиме нови паркинг места, за да се избегне хаосот во овој дел. Ќе го уредиме просторот и ќе го одржуваме секојдневно, а ќе ги вратиме и фонтаните во функција. Ќе изградиме нови содржини за нашите најмили, за убав и достоинствен развој. Ќе изградиме летниковци за уживање и ќе ги одржуваме парковите. Како градоначалник на Општина Аеродром, се обврзувам дека Аеродромци во овој дел ќе добијат мултимедијален центар по највисоки стандарди, со ХАБ за младите, со театар, читална, кино, соба за игри – е-спорт. Аеродромци ќе имаат 0 дополнителен трошок за градинка и основно училиште. И уште многу други проекти, кое можат да ги погледнат во мојата програма” – изјави Тимчо Муцунски, кандидат за Градоначалник на општина Аеродром.
Во рамки на денешниот ден Тимчо Муцунски имаше и средба со спортските работници каде најави дека ќе инвестира многу во реновирање и нови спортски игралишта, а ќе има и субвенции од 600 денари месечно за секое дете за спортување.
“Спортот е важен за Аеродром и она што можам да го ветам е дека ќе имаме субвенции од 600 денари месечно за секое дете во основно училиште за спортување. Ќе инвестираме во спортски игралишта и содржини за здрави навики, и посветено ќе работиме за поголем развој во овој сегмент” – изјави Тимчо Муцунски Според Тимчо Муцунски, само со работа и многу посветена енергија Аеродром ќе биде општина на која ќе се гордееме.
Тимчо Муцунски во својата програма вети дека Аеродром ќе биде општина со 0 корупција и 0 дополнителен трошок за семејствата за градинка и основно училиште, како и дека Аеродром ќе има нови 100.000 м2 зеленило. Како главен приоритет ќе биде и загадувањето, и најави решение со дивите депонии во првите месеци по стапување на функција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа