Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најголема промена се очекува в недела, за кога метеоролозите најавуваат пообилни врнежи. Поради падот на температурите, дождот ќе премине во снег и на некои од пониските места.
Што се однесува до температурите, утре (сабота) минималните ќе се движат од -2 до 6 степени, а дневните од 4 до 11 степени. Задутре (недела) ќе биде нешто постудено со максимум од 3 до 8 степени. Од почетокот на следната недела утрата ќе бидат постудени, со минимални температури до -5 степени, но дневните ќе бележат пораст и ќе достигнуваат до 13 степени.

