Отворен е Младинскиот хаб на град Скопје, младите добија свој простор.

„Со особена чест и искрено задоволство, денес заедно со постојаниот претставник на УНДП во Македонија, г. Армен Григоријан, го отвораме Младинскиот хаб на Град Скопје – современ, отворен и инклузивен простор создаден по мерка на младите, нивните идеи, потреби и потенцијал. Ова е стратешка инвестиција во иднината на нашиот град.

Хабот е целосно опремен со средства обезбедени од УНДП и претставува силна порака дека младите се во фокусот на развојните политики на Град Скопје.

Управувањето со Младинскиот хаб им е доверено на млади и стручни кадри со релевантно искуство во младинската работа, образованието, културата и иновациите, кои ќе обезбедат динамична, транспарентна и одржлива програма, во служба на младинските потреби и амбиции.

Овој простор е замислен да биде живо јадро на младинската енергија, место каде младите самостојно ќе иницираат и реализираат свои настани и проекти, а студентите и младите професионалци ќе учат, работат и напредуваат преку работилници, обуки и менторски процеси.

Посебен акцент се става на соработката со невладиниот сектор, како и на партнерствата со институциите и приватниот сектор, со цел вмрежување, размена на знаења и создавање нови можности за личен и професионален развој.

Овде, младите ќе имаат простор да создаваат, да учат, да се поврзуваат и активно да учествуваат во градењето на заедницата.

Со оваа иницијатива, Град Скопје јасно ја потврдува својата заложба за системска поддршка на младите и за создавање силна, иновативна и активна младинска заедница, двигател на иднината на нашето Скопје.

Локација: Дом на култура “Кочо Рацин” – Скопје“, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на ФБ.

Exit mobile version