Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури се движеа од минус 9 до минус 2, додека дневниот максимум ќе достигне од 3 до 9 степени.
Промена на времето се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога во северозападните делови ќе започнат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во Скопје: Слично време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 4 степени.

