Променливо облачно и студено со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

И во наредните денови следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. В среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи, претежно од снег.

30.01.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега