Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

    Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

    25.10.2025 во 11:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците.

    Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела. 

    – Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика што суштински би се одразила врз бизнисот. Всушност, усогласеноста околу јулијанскиот и греогоријанскиот календар е сериозно прашање. Тоа е голем проблем, а не гледам на повидок некое решение. Божиќ кај нас се слави на 7 јануари, додека секаде низ западниот свет и останатите земји освен Србија и Русија, се слави на 24 декември. Сите западни земји од 24 декември до Нова година не работат, а ние работиме и потоа обратно, тие работат на 7 јануари, а ние не. Практично, се губи цел месец. Се губат околу 30 дена во однос на деловните активности и тука имаме сериозни штети. Се работи за сложена црквено-политичка одлука која не знам како би се изменаџирала, а апсолутно не зависи од бизнисот, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Горан Ѓорѓиевски.

    Ставот на ССК, нагласува Ѓорѓиевски, е дека треба да се усогласиме со правилата на ЕУ и во однос на временските зони, но и за се останато. 

    -Ние се стрениме кон ЕУ, значи треба се да усогласиме со Унијата за се, дециден е претседателот на ССК.

    И според в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу, еден час разлика во сметањето на времето речиси воопшто не влијае врз бизнисот. Многу поголеми проблеми, па и загуби, укажува Алиу, предизвикува одлуката – недела да биде неработен ден. 

    – Нема посебно влијание промената во сметањето на времето. Ние имаме поголеми проблеми во економијата за да се „фатиме“ за тоа дали еден час порано или подоцна почнува работното време. Јас би го акцентирал прашањето за недела – неработен ден. Тоа е и нашата конкретна примедба зошто ваквата одлука не е добра. Во недела доаѓат многу гости од Албанија, Косово, Србија,… и тука, всушност, многу губиме. Тие луѓе кои редовно доаѓаат, кои ни се редовни гости и ни носат пари, затоа што ја прогласивме недела за неработен ден, не доаѓаат веќе. Можеби некои доаѓаат заради моловите, инаку ништо. Затоа имаме забелешка и сакаме повторно да се врати неделата – да биде работен ден. Ние тоа го побаравме од Владата и институциите, имаме и иницијатива, но засега се уште немаме дефинитивен одговор. Неделата е работен ден кој во однос на другите работни денови носи највеќе за државата и Буџетот, објаснува Алиу.

    В недела, на 26 октомври, почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 03:00 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад, па наместо три, ќе биде два часот. 

    Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време. 

    Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

    Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

    Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.