Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и на места ќе достигнува брзина до 50 км/ч, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 9 и 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во следните денови, под влијание на висок воздушен притисок, се очекува стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и посвежи утра. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.


