Пролетна акција за косење на тревните површини низ цела Кисела Вода

 

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода.

Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници. Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедници 11 Октомври Згради со фокус на трим патеката, која најмногу се користи од рекреативците.

Се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, додека минатата седмица вакви активности се одвиваа и во населбата Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и по трим патеката.

„ Ги повикуваме сите граѓани кои забележале некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода, по што ќе може да се интервенира. Паралелно, локалната самоуправа работи и на расчистување на отпадот и новоастанатите мини депонии, за кои повторно ќе апелираме на совесно однесување на граѓаните.

Топлите пролетни денови кои ни претстојат нашите жители ќе можат да ги искористат во природа, за прошетки и рекреација во чиста, уредна и уредена општина. За оваа цел, Општина Кисела Вода интензивно работи, а ќе се преземати дополнителни активности за подобрување на услугата од комуналните служби“ велат од општината.

29.03.2023 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа