Утрово неочекувано студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и пријатно време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од –3 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со повремена облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе се искачи до 16 степени.
Во наредните денови следува стабилен и сув период, со постудени утра и можност за појава на утринска магла во одделни котлини. Преку ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе останат речиси непроменети.

