Иако веќе треба да имаме вистинска зима во Македонија и  снег, сепак деновиве територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и истиот условува да имаме стабилно сончево и натпросечно топло време за месец декември и со пролетни температури на воздухот. Сепак во дел од котлините е магливо со зголемена ниска облачност  и со пониски температури на воздухот.

Овие денови ја имаме  и температурната аномалија, односно високите места  и планините се потопли од пониските населени места  и од котлините каде е поладно поради маглата  и ниската облачност.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени до 16 часот попладнево по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека најтопло денес беше во Гевгелија со измерени 17 степени.

Exit mobile version