Проголтал кокаин за да го скрие од полицијата и се предозирал – од што почина 20-годишното момче во Радовиш

 

Од преголема количина кокаин почина 20-годишното момче кај кое полицијата најде марихуана по извршен претрес во неговиот дом. Како што дознава Фокус од неофицијални извори момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата.

Обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам. Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна.

Од болницата за „Фокус“ велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

18.03.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега