Close Menu
    Најново

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31

    Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

    30.12.2025 во 18:16

    Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови

    30.12.2025 во 18:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Сибирски студ ја зафаќа Македонија: Температурите ќе паднат до -15 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Продолжува судењето за „Пулс“: Одбраната на поранешните министри негира вина

    Продолжува судењето за „Пулс“: Одбраната на поранешните министри негира вина

    11.12.2025 во 09:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште, кое започна во 9:30 часот, продолжува со воведни зборови на одбраната на обвинетите претставници од Министерството за економија.

    Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки.

    Одбраната на функционерите ги оспорува надлежностите

    На вчерашното рочиште, одбраната на поранешните министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) негираа вина и го оспорија обвинението, тврдејќи дека немале законски надлежности или фактичка моќ да влијаат врз трагичниот исход.

    • Крешник Бектеши (поранешен министер за економија): Одбраната тврди дека не постои причинско-последична врска во дејствијата на Бектеши и дека Министерството нема надлежност за инспекциски надзор. Тие посочија дека вистинското дејствие на извршување е пожарот предизвикан од пиротехника несоодветна за затворена просторија, користена спротивно на закон.
    • Ваљон Сараќини (поранешен министер за економија): Одбраната изјави дека лиценцата на „Класик М“ од 2012 година не значела дозвола да обавува дејност на друга локација, да биде дискотека наместо кабаре, ниту да прима прекумерен број луѓе и да користи пиротехнички средства на недозволен начин.
    • Аднан Џаферовски (поранешен директор на ДЗС): Неговата одбрана го оцени обвинението како правно погрешно и без факти, предупредувајќи дека „ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност“. Џаферовски порача дека „совеста му е апсолутно чиста“.
    • Шабан Салиу (поранешен директор на ДЗС): Изјави дека во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за согласност од кабаре „Пулс“.

    Денеска воведен збор треба да даде одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, а преостануваат и одбраните на други претставници од Министерството, пазарни инспектори и сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.