Close Menu
Press24
    Најново

    Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце

    03.03.2026 во 08:11

    Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош

    03.03.2026 во 08:06

    Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

    03.03.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце
    • Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Сиљановска го пречекува Руте со највисоки државни почести – Средби со државниот врв
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Одбраната ги изнесува воведните зборови, обвинетите не признаваат вина

    Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Одбраната ги изнесува воведните зборови, обвинетите не признаваат вина

    04.12.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште се очекува да продолжат воведните зборови на одбраната.

    Судењето продолжува откако на минатото рочиште сите 37 обвинети, меѓу кои сопственици, управители, инспектори и поранешни градоначалници, изјавија дека не се чувствуваат виновни за „тешки дела против општата сигурност“.

    Дел од обвинетите упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но јасно истакнаа дека не признаваат вина.

    Воведни зборови на минатото рочиште веќе дадоа бранителите на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот.

    Адвокатите нагласија дека нивните клиенти не презеле дејствија кои би имале директна врска со трагичниот настан и дека поседувале валидна документација. Тие најавија изведување на докази и сведоци кои, според нив, ќе потврдат дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.

    Излагања на обвинетите и одбраната:

    • Дејан Јованов (сопственик на клубот): Истакна дека и по девет месеци затвор не може да поверува во трагедијата, нагласувајќи дека како родител никогаш не би дозволил да недостига нешто во клубот каде што се собираат младите, меѓу кои и неговите деца. Изрази сочувство кон семејствата.
    • Михаил Јованов (третообвинет): Неговата бранителка изјави дека обвинителството не обезбедило ниту еден доказ и не прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар, оценувајќи дека е обвинет само затоа што е син на сопственикот.
    • Митко Стојанов (директор на „МММ кафе“): Неговиот бранител, адвокатот Благоја Јованов, истакна дека обвинението е неосновано и дека нема директна причинско-последична врска меѓу неговите постапки и пожарот.
    • Гроздан Милковски (сопственик на објектот): Бранителката Лидија Ристовска истакна дека договорот за закуп бил законски склучен, а Милковски не учествувал во градежни активности ниту дал согласност за адаптација на внатрешниот простор.
    • Милка Едровска (проектант): Нејзиниот адвокат образложи дека била ангажирана само за сообраќајно решение за паркинг, а не за комплетен проект. Едровска истакна дека постапувала професионално, но констатирала дека магацинскиот објект е адаптиран во дискотека, што не била нејзина одговорност.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, претходно најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, како резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.