Close Menu
    Најново

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите

    Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите

    21.09.2025 во 13:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели и ресорниот министер Цветан Трипуновски, дека веќе е во тек делењето на ваучерите за околу 46 000 земјоделци.

    Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци, за оваа мерка се обезбедени 540 милиони денари.

    -Да, апсолутно. Како Влада имаме таква политика. Веќе е почнато делењето на ваучери за околу 46 000 земјоделци. Сумата за оваа поддршка е над половина милијарда денари, околу 540 милиони денари, министерот реферираше на последната владина седница дека делењето на ваучерите е почнато. Продолжуваме да ги поддржуваме земјоделците зашто тоа ни е најважно како Влада, потенцира Мицкоски.

    Тој се осврна и на откупот на грозјето. 

    -При крај е откупот на грозјето, се берат последните количини. Заклучно со вчера имавме околу 90 милиони килограми и ако на тоа се додаат 15 милиони килограми што ги имаат визбите, доаѓаме до 105 милиони. Очекуваме над 110 милиони килограми, имајќи предвид дека лани вкупната реколта беше 75 милиони. Сега имаме меѓу 35 и 45 милиони килограми повеќе грозје. очекувам и поголем прилив од извоз. Годинава повеќе се бараше белото гројзе, но и црното најде место во визбите. Пред да дојдам сега во Зрновци, бев во Чешпиново-Олблешево, разговарав со земјоделците. Сега доѓа на ред оризот, па јаболкото, тутунот,… Имаме план, како завршуав една, почнува друга реколта, секако сите култури и земјоделците ни се во фокус, подвлече премиерот

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.