Продолжува потрагата по момчето во Преспанско езеро, сопственикот на педалинката тврди дека таа не се превртела

Педалинката на која се возеше момчето што исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро беше исправна и не се преврти, туку момчињата скокаа од неа во водата, изјави за порталот Сакам да кажамВедат Адемовски, сопственик на педалинките во Претор.

,,Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се превртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода”, вели Адемовски.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот. Полицијата сè уште трага по исчезнатато момче од Ресен кое е на шеснаесетгодишна возраст. Водители ги пребаруваат нуркачи, но засега без успех. Во попладневните часови се очекува во потрагата да се приклучи и специјална единица од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега