Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по релабансот на Буџетот за 2024 година.
Поднесени се 58 амадмани, а во изминатите денови поминати, но неприфатени се 20-тина амандмани.
Според очекувањата на владејачкото мнозинство, ребалансот треба да биде усвоен во втората недела од август.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека тој е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се она што треба да се исплати согласно закон.
За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа