Close Menu
    Најново

    Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

    15.12.2025 во 20:45

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26

    Мицкоски замина за Брисел

    15.12.2025 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна
    • СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти
    • Мицкоски замина за Брисел
    • ВИДЕО: Блесна елката во Скопје
    • Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда – немам фаворит
    • Физички нападнати полицајци
    • Премиерот: Не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот
    • Трамп сака да им се јави на европските лидери
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Проданоски: Ветуваме програма со којашто прилепчани ќе добијат подобар живот

    Проданоски: Ветуваме програма со којашто прилепчани ќе добијат подобар живот

    29.09.2025 во 16:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата, од ова култно место во Прилеп, од плоштадот Методија Андонов Ченто, којшто е лик којшто претставува почеток на оваа држава. Така симболично од овде почнуваме со секоја кампања од ова место, како што реков култно во градов, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

    Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил. Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори коишто ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра програма, и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на Република Македонија, предводена од претседателот Христијан Мицкоски. Особено ми е чест, што денес на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министер за транспорт и врски којшто не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети коишто ги имаме во Прилеп. Слушнавте и од неговата изјава, дека клучно е она што ќе го прави Владата. Автопатот кон Битола, завршување на експресниот пат кон Скопје, но тоа е само ден чекор. Ние ветуваме програма со којашто прилепчани ќе добијат подобар живот. Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник којшто е достоинствен, чесен, којшто работи и слуша за секој еден граѓанин. Јас сум вашиот човек. Јас сум човек од Прилеп и човек за Прилеп, истакна Проданоски.

    Барам од вас поддршка, заедно да ја започнеме оваа кампања и да ја изводиме напред затоа што вистинскиот избор е овој и тоа е патот за иднината на нашите деца, додаде Проданоски.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.