Двете згради во изградба само за Финкашите, за студентите од ФФК ќе се доградува актуелниот објект кој веќе го користат.

Проценките на стручните лица завршија. Одлучено е дека двете недоградени згради во близина на кампусот на УКИМ се безбедни, но доволни само за студентите на ФИНКИ. За студентите на ФФК е потребен поголем простор и подобри услови, особено за поголеми спортски сали.

Професорот Горан Марковски, кој го водеше тимот од експерти што ја правеше проценката за безбедоста на градбите, вели дека има присуство  на високи нивоа на карбонизација како резултат на зголеменото ниво на влага.

Сепак, ова не влијае на безбедноста на објектот. 

Професорот Марковски појаснува дека, од градежен аспект, најдобро решение би било зградите да се срушат, но дека од економска гледна точка е поисплатливо тие да се доградат.

Во петокот заврши тендерот за репроектирање. Аплицирале седум фирми. 

Изведувачот главно ќе треба да се адаптира на веќе изградената база и да го осмисли изгледот на фасадата и внатрешниот ентериер. Барокот како идеја се напушта бидејќи веќе не е во тренд, а ќе се изработи современо, модерно решение.

Грубата проценка е дека целиот проект – односно двете згради кај Мавровка и објектот што ќе се доградува кај ДИФ – ќе го чини Министерството околу 36 милиону евра, за што мон подигна кредит.

Финки требаше да добие свој „дом“ восклоп на кампусот на УКИМ, кој почна да се гради во 2015-тата. Откако градежната компанија „Бетон“ од Штип стапи во стечај во 2019-тата, кај градбите во изградба нема никаква градежна интервенција.

Exit mobile version