Проблем за Чави, се повреди Жоао Феликс

Барселона ја забележа третата победа во Лигата на шампионите и се наоѓа на чекор до пласман во осминафиналето. Барселона со головите на Торес и Лопез го победи шахтјор со 2:1. Победата падна во сенка на повредата на Жоао Феликс.

Португалецот, кој по доаѓањето од Атлетико Мадрид полека почна да влегува во форма и се избори за место во првиот тим, се повреди во финишот на натпреварот. На теренот доби лекарска помош, но по неколку минути побара измена.

Веројатно е дека тој нема да биде во тимот, во сабота, кога Барселона во дербито ќе го пречека Реал Мадрид.

Главоболки за Чави пред дербито бидејќи подолг период е без Френки Де Јонг, Роберт Левандовски, Жил Кунде, Рафиња, Педри и Серхи Роберто.

25.10.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега