„Призма“: Скриени хонорари во Министерството на Артан Груби

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи Артан Груби, минатата година имало вкупен буџет од околу 4 милиони евра, кој годинава е поголем за околу 300 илјади евра, објави Призма. Тоа е приближно четирипати повеќе од буџетот што го имаат Антикорупциската комисија или Финансиската полиција.

Во Министерството, сместено во барокната зграда веднаш до МНР во центарот на Скопје, лани работеле 354 луѓе, а годинава, според предлог-буџетот, таа бројка би можела да се зголеми за уште 69, што значи дека вкупно би работеле 423 лица.

Како што пишува Призма кој и за што бил ангажиран дополнително во Министерството останува тајна, бидејќи сите обиди на БИРН да добие податоци за дополнителните ангажмани останаа безуспешни.

 

Целото истражување тука.

22.02.2023 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега