Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека во периодот од 22 јуни 2026 година до 1 јули 2026 година привремено ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата.

Причина за ваквата одлука е изведувањето на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, поконкретно на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, кои се реализираат за потребите на проектот „Градски воз“.

Според официјалното соопштение, во наведените денови нема да сообраќаат следниве патнички возови:

На релација Скопје – Гевгелија нема да сообраќаат возовите со број 611 (тргнување во 06.20 часот) и 631 (во 16.55 часот). Во спротивен правец, на релација Гевгелија – Скопје, се укинуваат возовите 630 (во 04.30 часот) и 632 (во 17.02 часот).

На линијата Скопје – Битола привремено нема да возат линиите 641 (во 07.06 часот) и 645 (во 20.05 часот), додека на релација Битола – Скопје нема да сообраќаат возовите 640 (во 03.10 часот) и 644 (во 18.22 часот).

Промени ќе има и на пократките делнични линии. На релација Битола – Велес се укинува возот со број 642 (во 12.46 часот), а во правец Велес – Битола нема да сообраќа линијата 643 (во 15.25 часот).

Дополнително, во прекинот се опфатени и возовите на линијата Скопје – Велес со број 2083 (во 22.40 часот), како и на релација Велес – Скопје со број 600 (во 05.00 часот).

Од претпријатието апелираат до граѓаните кои ги користат овие линии навреме да го прилагодат своето патување во периодот додека траат градежните зафати на терен.

Exit mobile version