Тригодишно момче се наоѓа во критична состојба во болница, а еден маж е уапсен под сомнение за обид за убиство, откако малото дете завршило во ограден простор со крокодили.
Инцидентот се случил во Кембриџшир, каде веднаш била отворена итна истрага од страна на надлежните полициски служби.
Полициските службеници биле повикани во познатиот објект Џонсон во Олд Херст, Хантингдоншир, вчера попладне во точно 13:24 часот.
Алармот во полицијата бил кренат по пријавите за инцидент во кој учествувало тригодишното момче, кое под засега неразјаснети околности завршило во оградениот простор од крокодили.
Детето со сериозни повреди по телото веднаш било евакуирано и со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болницата Аденбрукс.
Според последните информации од медицинскиот персонал, малото момче во моментов е во критична, но стабилна здравствена состојба.
Полицијата на местото на настанот веднаш лишила од слобода еден маж, кој во моментов се сомничи за обид за убиство.
Истражните органи работат на терен со цел да се утврди како точно детето успеало да влезе во опасната зона и каква е поврзаноста на уапсениот маж со целиот случај.


