Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец
Момче од неготинското село Тремник, рано изутрина било лишено од слобода поради напад врз неготинец, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Утрово во 1:20 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Л.Б. од неготинското село Тремник, по претходна пријава дека во селото, по кратка вербална расправија, со остар предмет го нападнал О.Т., на возраст од 21 година од Неготино, појаснуваат од СВР - Велес.
Л.Б. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.
13.04.2025 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа