Приведено лице осомничено за полов напад
Приведено е лице осомничено за полов напад, кое неофицијално е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава, објави „360 Степени“.
„Д.Х. е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад и други дејствија’ и во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот“, информира полицијата, велат од МВР за порталот.
-Неофицијално, осомничениот нападнал момче во парк во една скопска населба околу 3 часот по полноќ. Инаку, Д.Х. е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава, пишува „360 Степени“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа