Приведено лице на Граничен премин „Табановце”

На влез на Граничен премин „Табановце” денеска од слобода е лишен Ф.Ф.(26) од Скопје, со привремен престој во Франција, кај чие возило било утврдено дека бројот на шасија е оштетен и на него физички било делувано.

-При извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило “бмв” со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот. Возилото е одземено со потврда, додека лицето ќе биде предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, се вели во денешното соопштение од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

20.08.2024 - 20:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега