Приведено едно лице за предизвикување на пожар во ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен.

Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева Река поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума.

Пожарот околу 17.40 часот беше ставен под контрола.

К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Вчера од Полициско одделение Галате беше уапсен Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Исто така, полицијата во координација со јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.

05.08.2021 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега