Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(22), 24-годишната Д.Џ.С. и 21-годишната И.Г.П., сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана, известија од полицијата.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

