Приведени се Борисов и Горанов: Голема акција на Европското обвинителство и бугарското МВР

Приведени се поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов, поранешната шефица на парламентарната комисија за буџет Менда Стојанова и публицистката на Борисов Севделина Арнаудова. Ова за „Сега“ го соопштија од бугарското МВР. Станува збор за голема акција на европското обвинителство и националната полиција на 120 сигнали.

Од прес-центарот на ГЕРБ демантираат дека се уапсени. Нивната верзија е дека во тек се само пребарувања. Во домот на Арнаудова е пронајден џип во сопственост на компанијата „Аркад“, која го гради гасоводот „Турски тек“ низ Бугарија, изјавија за „Сега“ извори од истрагата.

МВР има право да приведе некого до 24 часа. Тогаш мора да интервенира обвинителството. Доколку бидат обвинети, апсењето би можело да биде продолжено на 72 часа, а потоа, доколку бидат обвинети, ќе можат да бидат притворени само со судска наредба.

Никој над законот нема!“, напиша премиерот Кирил Петков на Фејсбук.

17.03.2022 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа