Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга.
Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.
Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
- Гори на девет локации во Македонија – ЦУК со најнов пресек на пожарите
- Тошковски: Реконструирана Полициската станица на охридскиот аеродром, се олеснуваат граничните контроли
- Цената на нафтата скокна на највисоко ниво во последните шест недели
- Подгответе се: УХМР најавува невреме
- (ФОТО) Николоски: Реконструираниот аеродром во Охрид доби нов современ лик
- (ФОТО) Се роди Никола: Екс-градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов стана татко
- Трамп предвидува пад на цената на горивата
- Ахмети по повод 8 Септември: Да го зачуваме изграденото, државите не се ослабуваат со еднаквост


