Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга.
Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.
Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
- (ФОТО) Николоски: Реконструираниот аеродром во Охрид доби нов современ лик
- (ФОТО) Се роди Никола: Екс-градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов стана татко
- Трамп предвидува пад на цената на горивата
- Ахмети по повод 8 Септември: Да го зачуваме изграденото, државите не се ослабуваат со еднаквост
- Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина
- Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
- Денеска посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
- Приведени невенчани сопружници во неготинско: Момче му дало марихуана на малолетно девојче кога ја забележало полицијата


