Приведени двајца возачи - вршеле превоз на ученици без лиценца

 


Вчера во период од 05.00 -08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, преземале мерки во врска вршење на јавен превоз без поседување на лиценца, казниво по член 284 -а од КЗ на РСМ, при што во 07.00 часот на регионален пат Тетово- Попова Шапка, кај с. Расадиште било запрено патничко возило ,,фолксваген“ со тетовски  регистерски таблици, управувано од Н.О.(42) од с. Шипковица, и патничко возило ,,цитроен“  со тетовски регистерски таблици, управувано од Д.Ш.(33) од с. Шипковица, поради вршење јавен превоз на ученици без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

18.10.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега