Вчера полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Х.З. (74) и А.Р. (69), постапувајќи по претходна пријава поднесена од Е.Р. (37) од селото Градец, според која, двајцата осомничени во комбе физички го нападнале и му упатувале закани на неговиот малолетен син, кој во тој момент се враќал од училиште.

По преземените мерки и активности, лицата биле лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка.

Од полицијата посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version