Приведени двајца крадци од скопско

Полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Гази Баба денеска ги лишија од слобода Ј.Н. (25) од село Јурумлери и К.А. (23) од Скопје, кои биле фатени непосредно по извршување на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, при што од 77-годишна скопјанка одзеле личен накит.

Како што информира МВР, Одделението за кривични работи Гази Баба поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Двете лица се изнесени пред Судија на претходна постапка при што на Ј.Н. му е определен притвор, а за К.А. ќе бидат изречени мерки за обезбедување.

16.08.2022 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа