Приведени двајца крадци од Скопје – оперирале во Кисела Вода

 

Двајца крадци биле приведени завчера околу 22:00 часот, едниот бил фатен како краде, а другиот се сомничи дека му помагал.

-Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје поради сомнение дека истиот ден на подрачје на ЕВР Кисела Вода извршил две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид. Лицето било приведено и задржано во полициска станица. По преземени мерки кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните кои ги извршил и тоа: „тешка кражба“ на ул.„Козјак“, „тешка кражба“ на ул.„Димитар Мирасчиев“, „тешка кражба“ на ул.„Стојан Стојановски“ и „тешка кражба“ во обид на ул.„Димитар Мирасчиев“. Во врска со споменатите дела, односно поради сомнение дека извршил кривично дело „помагање“ во извршување на кривичните дела приведено е и лицето О.И.(29) од Скопје, појаснуваат од МВР.

 По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега