Приведени четири лица по инцидентот на кошаркарскиот меч меѓу Гостивар и Пелистер

Во Спортската сала „Младост“ се случи инцидент за време на мечот меѓу кошаркарските тимови на Гостивар и Пелистер.

На мечот бил нарушен јавниот ред и мир со фрлање предмети од публиката и од играчи, како и со физичка пресметка помеѓу членови на двете екипи.

За време на натпреварот од публиката на источната трибина биле фрлени повеќе предмети на теренот и бил погоден тренерот на екипата на Пелистер М.И.(47) од Скопје, кој потоа ја скршил клупата за резервни играчи.

Истовремено, настанала физичка пресметка помеѓу играчот на Пелистер, Б.С.(29) од Скопје и физиотерапевтот на КК „Гостивар“, В.Ѓ.(29) од Гостивар. После тоа, играчите од гостинската екипа Б.С.(29) и Д.Н.(28) фрлале предмети кон публиката, при што, според пријавеното, Б.С. го погодил гледачот Б.П. од Гостивар. Во врска со настанот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.Ѓ.(29) од Гостивар, Б.С.(29) од Скопје, М.И.(47) од Скопје и Д.Н.(28) од Битола и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.“, откриваат од полицијата.

16.05.2022 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега