Приведен жител на Здуње, осуден на затворска казна од една ипол година
На 12.09.2023 околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 35-годишниот Ѓ.М. одгостиварско Здуње.
За него била издадена судска наредба, со која се барал како осудено лице на затворска казна од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.
12.09.2023 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа