Приведен тинејџер од Гостивар - родителите го пријавиле во полиција

 


Вчера во 16.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар, го лишиле од слобода М.Ш.(18) од Гостивар.

Полицијата постапила по претходна пријава од неговите родители дека агресивно се однесувал кон нив, оштетил дел од покуќнината, физички ја нападнал неговата мајка и го оштетил нивното возило во дворот, информираат СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

11.12.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега