Вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска.
Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките. З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
- Груевски со честитка за 8 Септември: „Нека е вечна и просперитетна татковината“
- Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности
- Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка
- (ФОТО) Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста
- Прегазен пешак во Прилеп
- Приведена свекрва од Теарце – ја нападнала снаата
- Семејна драма во гостиварско: Си ги нападнал братот и снаата под дејство на алкохол
- Приведен тетовчанец: Уценувал сограѓанка со експлицитни фотографии и ѝ барал пари


