Приведен руски камионџија со 2,44 алкохол

 

Полицијата вечерва привела руски државјанин, возач на камион кај кого алкомерот измерил 2,44 промили алкохол.

-Вечерва околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило "волво" со руски регистерски таблички под дејство на алкохол, велат од полицијата.

Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега